Top Sport

Како играч на Милан Тонали се кладел на натпреварите на овој клуб

Сандро Тонали (23) би можел да добие едногодишна забрана за играње фудбал поради обложување и коцкање.

„Газета дело Спорт“, пишува дека играчот од средниот ред на Њукасл се кладел на натпреварите на неговиот поранешен клуб Милан. Италијанскиот играч за врска играше за Милан од есента 2020 година до летото 2023 година и во тој период се обложувал на натпревари на кои бил во тимот.

„Тонали се обложувал на натпреварите на Милан, во периодот додека беше еден од клучните играчи во тимот, но тоа не го правел за да влијае врз резултаот. Во секој случај, Тонали може да добие едногодишна забрана за играње фудбал“, пишуваат Италијанците.

Тонали летово дојде во Њукасл од Милан за 64 милиони евра и досега има десет настапи за својот нов клуб.

На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането директно или индиректно да обложуваат, а оние кои ќе го прекршат правилото се соочуваат со парична казна не помала од 25.000 евра и забрана за играње за до три години.

Scroll to Top