Норвешкиот третолигаш ИК Јункерен успеа да го направи неверојатното оваа недела – да потпише договор со Лионел Меси. 16-годишниот Лионел Меси, кој претходно беше познат како Даниел Аре Кнутсен, го смени своето име во чест на славната „десетка“ на Барселона и сега се надева дека ќе има фудбалска кариера.
„Одамна планирав да го сменам името. Лионел Меси е мојот најголем идол и поради мојата посветеност на фудбалот, морав да се обидам“, вели младиот Норвежанец за весникот „ВГ“.
Норвешкиот Меси признава дека нема талент како Аргентинецот, но вели дека се обидува да го копира на теренот.
„Ќе го дадам максимумот и ќе се обидам да играм како него. Можно е да има сличности, иако мојот талент не е таков“, додава Меси.
Тренерот на клубот, Рунар Бо Ериксен вели дека клубот се обидел да го донесе Кристијано Роналдо од Јувентус, пред да се решат за Меси.
„На шега велев дека ќе го донесам Кристијано Роналдо, но се задоволивме со Меси. Тој ќе игра во У-16 тимот“, вели Ериксен.
Norveç 3.Lig takımı Junkeren, Lionel Messi’yi transfer etti. Evet evet Lionel Messi! Messi hayranı olan 16 yaşında ki Daniel Are Knutsen adının ve soy adının değişmesi için resmi makamlara yaptığı başvuru kabul edilmiş. pic.twitter.com/izdkXwASjh
— Sukru Gursoy ? (@SukruGursoy) August 23, 2019