Top Sport

Вавринка: Како би можел јас да се споредувам со Федерер

Во интервју за „Евроспорт“, трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка зборуваше за негативните и позитивните работи што игра во генерацијата со неговиот пријател и сонародник, Роџер Федерер.

„Позитивно е што можеш да научиш од Роџер, што ја освоивме титулата од Дејвис купот во 2014 и олимпиското злато во 2008 година. Негативно е тоа што луѓето се обидуваат да ме споредуваат со Роџер, најголемиот тенисер на сите времиња, вистинско чудовиште. Без разлика што ќе направев, никогаш не бев добар како него. Роџер е гениј, најдобриот на сите времиња и такви споредби се непријатни. Кога започнував со мојата кариера, тој беше тука. Учеше, стануваше подобар, освојуваше трофеи. Има повеќе позитивни од негативни работи за мене“, вели 34-годишниот Вавринка.

Scroll to Top