Според студијата на Универзитетот Стенфорд, откако Мохамед Салах во 2017 година се приклучи на Ливерпул, во градот се намалил криминалот поради омраза за 19 отсто, додека анти-муслиманските онлајн коментари се намалиле за огромни 50 отсто, покажувајќи го неверојатното влијание на египетскиот фудбалер.
Присуството на лик како Салах не е добредојдено само за фановите на „црвениот“ клуб, туку и кај лидерите на муслиманската заедница во Британија, открива Мумин Кан, главниот на џамијата Шеик Абдулах Квилијам во Ливерпул.
„Тој е апсолутно позитивен пример за муслиманите, но и за тие кои не се муслимани, тука во Велика Британија, но и низ целиот свет. Тој ја смени перцепцијата околу некои негативни работи во кои дел од луѓето веруваа околу исламската вероисповед. Тој е пример за цела Британија, бидејќи ги зближува луѓето,“ вели Кан.
Салах имаше нова фантастична сезона, во која постигна 27 голови во сите натпреварувања, вклучувајќи еден во финалето на Лигата на шампионите против Тотенхем (кое „црвените“ го добија со 2:0).
„Ова е почеток на големи работи за нас. Секако, сметаме дека можеме да бидеме шампиони и следната година и целта е да се освои Лигата на шампионите и Премиер лигата“, вели 26-годишниот Салах, кого сега го очекува уште еден голем предизвик – домашниот Африкански куп на нации со Египет.
According to a Stanford University study, since Mo Salah joined Liverpool, hate crimes in the area have decreased by 19% and anti-Muslim comments online have dropped by 50%. Impact on and off the pitch. pic.twitter.com/5Duu42qjYS
— ESPN UK (@ESPNUK) June 3, 2019