Top Sport

Како му дозволија да продолжи? Кох со крвава глава по судирот со Мектоминеј

Дербито на „ружите“ помеѓу Лидс јунајтед и Манчестер јунајтед донесе многу страст кај двете екипи и еден страшен момент на судир со глави помеѓу Робин Кох и Скот Мектоминеј, по кој зачудувачки Марсело Биелса реши да го остави Германецот на теренот, пред тој десетина минути подоцна да признае дека не може да продолжи.

По судирот со главите во 11. минута, Кох остана на тревата со „пукната“ аркада и крв, но по кратката медицинска пауза и по менувањето на раскрвавениот дрес, тој продолжи да игра.

Но, во 28. минута од мечот, Кох едноставно седна на теренот, очигледно не можејќи да се соземе од силниот удар.

Scroll to Top