Top Sport

Тео Ернандез во проблеми – неговиот питбул го убил кучето на соседката

Левиот бек на Милан, Тео Ернандез може да го очекува судски случај, откако италијанските медиуми објавија дека неговиот питбул убил куче на неговата соседка.

Според „Џорнале ди олгијате“, Ернандез ја оставил вратата од неговата градина отворена за да пушти автомобил, кога питбулот избегал, по што го нападнал пинчерот на неговата 73-годишна соседка и го убил. Инцидентот се случил на 18 февруари, а Ернандез не бил присутен во домот, каде што била неговата бремена партнерка, Зои Кристофоли.

Ако приказната се потврди тој може да добие обвинение за губење на контрола на опасно куче и небрежност.

Scroll to Top