Top Sport

Како овој старт на Давид Луиз не беше за црвен?

Челси успеа да направи пресврт и со 2:1 да ги победи Арсенал во лондонското дерби, а еден од најнесреќните секако беше Давид Луиз, бразилскиот дефанзивец кој оваа сезона дојде токму од тимот на „сините“.

Дуелот на „Емирати“ покрај со пресвртот беше одбележан и од овој неверојатен старт на Бразилецот над својот поранешен соиграч, Н’Голо Канте, за кој иако судијата имаше јасна слика што се случува, тој не доби црвен картон.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');