Top Sport

Федерер го победи Зверев за убав крај на 2019

Роџер Федерер го совлада Александер Зверев со 6:1/6:7/6:2 во егзибициски меч во Хангжу, Кина за да ја комплетира 2019 година со победа. По петтиот дуел меѓу двајцата тенисери во последните 40 дена по турнејата во Мексико и Јужна Америка, Федерер има четири победи (Хангжу, Сантијаго, Мексико сити и Кито), додека Зверев победи еднаш (во Буенос Аирес).

Наместо да игра на Хопман купот во Перт како во минатите сезони, Федерер има договор да настапува во Хангжу до 2023 година, за да им даде шанса на кинеските фанови да го видат во финишот на кариерата.

По крајот на мечот, Федерер и Зверев учествуваа во добротворна аукција. Зверев ќе ја предводи Германија на првиот АТП куп следната недела, додека Федерер нема закажано турнир до Австралија опен.

Scroll to Top