Top Sport

Како погоди Гризман за триумф на Атлетико во 101.минута…

„Луд“ натпревар на „Ванда Метрополитано“. Немаше голови повеќе од 90 минути, а потоа Атлетико Мадрид и Порто постигнаа дури три во судиското продолжение. Во 94.минута Марио Хермосо донесе водство за Атлетико, но Матеус Урибе од пенал израмни во 97.минута.

Се играше 101.минута, кога Антоан Гризман постигна победнички гол за шпанскиот тим, а целиот стадион падна во делириум…

Scroll to Top