Top Sport

Како се одбиваат 120 милиони фунти? Леви дефинитивно не го пушта Кејн во Сити

И покрај сите шпекулации, богати понуди и обиди на Хери Кејн да добие дозвола да премине во Манчестер сити, претседателот на клубот, Даниел Леви нема намера да го пушти својот најдобар играч да замине во ривалите од Премиер лигата, тврди „Телеграф“.

Леви сигурно ќе се сретне со првите луѓе на Сити во недела кога двата тима ќе се сретнат во првото коло од англискиот шампионат, но весникот тврди дека не отстапува од планот да го заддржи Кејн и во новата сезона и покрај тоа што англискиот капитен јавно го искажа своето незадоволство.

Кејн веќе одработил два тренинзи со своите соиграчи од Тотенхем по враќањето од продолжениот одмор на Бахамите по ЕУРО 2020,а во саботата имал раговор со менаџерот Нуно Еспирито Санто околу тоа да ли е подготвен да игра против клубот на кој сака да му се приклучи.

И покрај тоа што Сити се подготвени да дадат рекордни 120 милиони фунти, Леви и Тотенхем остануваат на своето.

Scroll to Top