Енис Барди постигна уште еден прекрасен гол за македонската репрезентација, покажувајќи дека е во фантастична форма и за Леванте и за националниот дрес, откако и донесе на Македонија 1:0 водство против аутсајдерот Гибралтар, резултат со кој би го потврдиле првото место во нашата група и официјално би влегле во Лига Ц на Лигата на нации.
Овојпат голот не дојде од слободен удар, туку од игра, меѓутоа не беше ништо помалку импресивен од низата на голови на Барди.
Golaaaazooooo @enisbardhi10 pic.twitter.com/GiN5rnmu33
— Enis Bardhi Fans (@BardhiFans) November 19, 2018