Top Sport

Каков пекол го чека Манчестер јунајтед од 12 февруари до 16 март!

Навивачите на Манчестер јунајтед со право се незадоволни откако по катастрофата во дербито со Ливерпул, понеделникот го дочекаа со ждрепката од ЛШ, каде што ќе се судрат со Пари Сен-Жермен и многумина го поставија првото логично прашање – „Што ќе им направат Нејмар и Мбапе на Фил Џонс и Крис Смолинг?“.

Ако Жозе Мурињо остане на кормилото до мечевите со „светците“, тогаш од 12 февруари до 18 март го чека пеколен распоред. Внимавајте:

– 12 февруари 2019, Пари Сен Жермен, дома

– 23 февруари 2019, Ливерпул, дома

– 26 февруари 2019, Кристал палас, гости

– 2 март 2019, Саутемптон, дома

– 6 март 2019, Пари Сен-Жермен, гости

– 9 март 2019, Арсенал, гости

– 16 март 2019, Манчестер сити, дома

Кошмар или славна серија? Останува да видиме.

Фото: ЕПА

Scroll to Top