Top Sport

Каков татко таков син – Џовани Симеоне го израмни рекордот на Диего

Наполи ја продолжи импресивната низа од почетокот на сезоната. Тимот има девет победи и две нерешени во Серија А, а во Лигата на шампионите пет победи во исто толку натпревари. Синоќа, Наполи го победи Ренџерс со 3:0. Првите два гола за Наполи ги постигна Џовани Симеоне.

Со двата гола против Ренџерс, Џовани успеа да го израмни рекордот на својот татко Диего Чоло Симеоне.

Аргентинецот ја игра својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите откако летово дојде во Наполи од Верона.

Симеоне на тој начин постигна четири гола во исто толку настапи во најелитното европско натпреварување.

Интересно е што само еден аргентински играч успеа да направи ваков резултат на почетокот на кариерата во Лигата на шампионите, а тоа е неговиот татко, актуелниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Чоло го направи тоа на само два натпревари за Атлетико Мадрид во септември 1996 година кога постигна по два гола против Стеауа Букурешт и Лоѓ.

 

Scroll to Top