Реномираниот фудбалски магазин „Франс Фудбал“, кој ја доделува престижната награда „Златна топка“, одбра 11 најдобри играчи во последната деценија.
Во овој идеален тим најмногу играчи има од Реал и Барселона, претставник на регионот е Лука Модриќ, а редовите на актуелниот европски и светски првак Ливерпул место најде само Вирџил Ван Дајк.
Идеалниот тим изгледа вака:
Икер Касилјас (Реал/Порто) – Филип Лам (Баерн Минхен), Серхио Рамос (Реал), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Марсело (Реал) – Иниеста (Барселона), Чави (Барселона), Лука Модриќ (Реал) – Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал/Јувентус), Нејмар (Барселона/ПСЖ).
„Франс Фудбал“ најдобриот тим во изминатата деценија го составил според индивидуалниот успехот на играчите во гласањето за „Златната топка“, а во предвид биле земени и нивните успеси со клубовите и репрезентациите.