Top Sport

Какво „газење“! Халанд и Фоден со по два гола, Сити-Јунајтед 4:0 во првото полувреме!

Ерлинг Халанд продолжува со својата фантастична форма во дресот на Манчестер сити, откако во првите 45 минути од големото дерби со Манчестер јунајтед постигна два гола за „граѓаните“ да имаат 4:0 водство!

Фил Фоден уште во осмата минута ги донесе Сити во водство, по што финишот на полувремето му припадна на Норвежанецот. Прво во 34. минута тој ја натскока одбраната на Јунајтед по корнер за да ја смести топката во мрежата, за три минути подоцна по фантастичната асистенција од Кевин де Брујне, повторно да го совлада Давид де Хеа! Мизерното попладне на Јунајтед продолжи кога во 45. минута Халанд му асистираше на Фоден за 4:0!

Scroll to Top