Top Sport

Фериери Капути стана првата судијка во Серија А

Марија Соле Фериери Капути влезе во историјата како прва жена која судела меч во италијанската Серија А, откако беше задолжена за правдата на мечот помеѓу Сасуоло и Салернитана.

32-годишната Фериери Капути се посвети на судењето на 17 години, откако не и беше дозволено да игра професионален фудбал, и минатата сезона беше првата судијка во втората лига, Серија Б (Читадела-СПАЛ), исто така и прва судијка во Копа Италија (Каљари-Читадела).

Scroll to Top