Промената на стадионот по реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ денеска донесе до неочекувана и ретко видена слика – како фудбалерите на славниот шпански клуб пешки одеа до својот стадион пред натпреварот.
Бидејќи од седиштето на Реал Мадрид до стадионот „Алфредо ди Стефано“ има само 300 метри, 23-цата фудбалери на „кралскиот клуб“ пристигнаа на подготовките за првиот меч по корона кризата, против Еибар пешки и со придржување кон протоколот за безбедност.
Мечот стартува во 19.30 часот.