Top Sport

Калафиори дефинитивно е играч на Арсенал

Фудбалерот на Болоња, Рикардо Калафиори ќе го засили Арсенал. „Скај Спортс“ тврди дека е постигнат договор и дека Италијанецот наскоро ќе им се приклучи на „Топџиите“ на подготвките во Соединетите Американски Држави.

Англискиот вицешампион понуди отштета во вредност од 42,5 милиони фунти. Калафиори успешно ги заврши медицинските прегледи во Лондон во петок, а наскоро ќе отпатува за САД.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака да го засили составот со доведување на играч кој може да игра како стопер и лев бек, бидејќи минатата сезона тимот најмногу проблеми имаше токму по таа срана.

На почетокот на минатата сезона тешка повреда заработи сестраниот дефанзивец Јуриен Тимбер, кому Шпанецот му ја додели улогата на стартер. Затоа по левата страна се менуваа Јапонецот Такехиро Томијасу, полскиот стопер Јакуб Кивиор и украинскиот репрезентативец Олександр Зинченко.

Калафиори зад себе има одлична сезона во Болоња, која под водство на сега веќе поранешниот тренер Тиаго Мота обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Калафиори пристигна во Болоња од Базел претходното лето. Настапуваше и за Рома и Џенова.

Scroll to Top