Фудбалскиот клуб Ајнтрахт од Франкфурт во своите редови го донесе Саша Калајџиќ.
Австрискиот фудбалер со српско потекло на тој начин се врати во Бундеслигата каде блескаше во дресот на Штутгарт.
Напаѓачот имаше многу проблеми во Вулверхемптон, каде што имаше проблеми со повредите.
Калајџиќ се рехабилитираше од повредите, но не успеа да избори место во стартниот состав покрај Бразилецот, Матеус Куња
Заминувањето во Ајнтрахт е добар потег, каде ќе може да ја оживее кариерата и да му се наметне на селекторот на Австрија, Ралф Рангник за ЕП.
Ајнтрахт моментално е на шестото место со 24 бодови.