Лондонски Челси е подготвен за голем трансфер, пишува италијански „Калчомеркато“.
Информациите се дека европскиот шампион Челси и тренерот Томас Тухел планираат засилувања на екипата, а прва и најважна мета се чини е италијанскиот репрезентативец – Федерико Киеза (24).
Тухел не е докрај задоволен од нападот. Тимо Вернер не успеа да се наметне, а истото важи и за Хаким Зијеш.
Повредата на Лукаку дополнително ја намали ротацијата во офанзивата линија на „сините“.
Информациите се дека за Киеза се заинтересирани и во Баерн Минхен, но Управата на Челси веќе му дала зелено светло на Тухел во ангажирањето на Италијанецот и на располагање му оставаат 100 милиони евра.
На крајот на сезоната завршува двегодишната позајмица на Киеза во Јувентус, по што клубот од Торино има опција да го откупи неговиот договор од Фиорентина за 40 милиони евра.