Top Sport

Михајловиќ се штити од корона по третпат: Глупаво е да не се вакцинираш!

Стратегот на Болоња, Синиша Михајловиќ (52) последните 2,5 години е во центарот на вниманието во италијанската јавност. Пред се, неговото здравје е топ тема.

Летото 2019 година му беше дијагностициран акутен облик на леукемија, но по три циклуси хемотерапија и пресадување коскена срж, Србинот ја победи болеста.

Минатото лето беше заразен со коронавирусот, но сепак успеа да се спаси од опасниот вирус. Потоа се вакцинираше со две дози од вакцините против Ковид 19, а денеска и по третпат беше да се вакцинира од новите мутирани соеви, во болницата „Belleria”.

По излегувањето од ординацијата порача:

„Исклучително важно е да се вакцинирате против корона, а глупаво е да не се вакцинираш! Короната го уби мојот пријател, завчера, имаше 56 години. Не сакаше да се вакцинира, отиде во болница и почина. Се сеќавам на почетокот на пандемијата, одвај чекавме да добиеме вакцини и да го победиме вирусот. Сега кога се тука, глупаво е тоа да не го сториме. Не разбирам“.

Scroll to Top