По синоќешната елиминација на Јувентус од Лион, италијанските медиуми наголемо пишуваат за наводна смена на Сари на клупата и почеток на преговори со Покетино.
Сепак, „Калчомеркато“ пишува и дека смена нема да има само на клупата, туку и во играчкиот ростер.
Информациите се дека Управата има намера да се ослободи од пет играчи.
Јуве за идната сезона ги доведе Артур (Барселона) и Кулушевски (Парма), додека Пјаниќ отиде во Барселона.
Освен Босанецот, наводно на излезна врата се и Даниеле Ругани, Метео Де Шиљо, Сами Кедира, Гонзало Игуаин и Федерико Бернардески.