Top Sport

Меси спие на анти-корона душек, неутрализира 99,84% од вирусите

Лео и Антонела Меси добија скапоцен подарок. Отсега ќе спијат на анти-корона душек специјално дизајниран да ги неутрализира вирусите, бактериите и останатите невидливи извори на зараза.

Мадридски „АС“ пишува дека Меси ги заменил сите душеци во хациендата во Барселона, во која живее со сопругата и тројцата синови.

Анти-корона душекот е изум на шпанска компанија која тврди дека материјалот со 99,84 % штити од вирусите.

За маркетинг стратегија одбрале подарување на производи на познати личности.

Душекот од „дополнителна опрема“ има неколку нивоа на вибрација, како и систем за топлотна масажа на стапалата.

Освен Меси, информациите се дека и фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез добил ист таков подарок.

Scroll to Top