Top Sport

Калдерон: Ако Левандовски сака во Реал, никој не може да го сопре

Баерн Минхен нема да можат да направат ништо да го спречат Роберт Левандовски да потпише за Реал Мадрид доколку полскиот напаѓач го сака тоа, вели поранешниот директор на Реал Мадрид, Рамон Калдерон пред првиот меч од полуфиналето на ЛШ на двата тима.

Околу иднината на Левандовски во последно време има многу шпекулации со наводниот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ за што Баварците изјави дека „е невозможно да се изведе“. Лева го смени агентот и го ангажираше Пини Захави, наводно со цел да му најде договор во врвен клуб. Калдерон вели дека исходот е неизбежен.

„Нема сомнеж дека Реал го сакаат. Сите би го сакале Левандовски во нивниот тим. Ако Роберт сака да замине, Баерн нема шанси. Според мене, нема ниту смисла да задржувате некој ако сака да замине“, вели Калдерон за „Билд“.

И покрај тврдењето на Карл-Хајнц Румениге дека Леванводски сака да остане, Калдерон не верува во тоа.

„Со Кристијано Роналдо се сеќава дека Сер Алекс Фергусон велеше дека нема шанси да замине од Манчестер јунајтед. Истото беше и со Дејвид Бекам. На крајот најважно е што сака фудбалерот. Кога јас го купив Роналдо за 94 милиони евра сите велеа дека сум комплетно полуден. Сега, нема граница. Сега е тешко да се најде врвен фудбалер под 150 милиони евра. Роберт припаѓа во оваа категорија“, додава Калдерон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top