Top Sport

На Роналдо навистина му се допаѓа Маркус Рашфорд

Маркус Рашфорд неодамна доби пар копачки од Кристијано Роналдо, а сега ѕвездата на Реал Мадрид подготви уште еден подарок за играчот на неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

20-годишниот Рашфорд оваа сезона добива пофалби од сите страни, и одигра 47 натпревари во кои постигна 12 гола, за да биде еден од напаѓачите на кои ќе смета и англискиот селектор Герет Саутгејт за Мундијалот во Русија.

„Фала шефе“, напиша Рашфорд на социјалните мрежи со фото на Роналдо со дрес на кој пишува „За Маркус, продолжи со одличната работа“.

Рашфорд беше номиниран за најдобар млад играч во Премиер лигата, но ја загуби наградата од ривалот од Манчестер сити, Лирој Сане.

Scroll to Top