Top Sport

Калид „сам“ го победи Вардар, Работнички и Струга со делба на поени

Напаѓачот од Гана, Абдул Басит Калид постигна два гола, за Македонија Ѓорче Петров да стигне до 2:1 победа над Вардар во скопското дерби во шестото коло на Првата лига.

Калид уште во втората минута искористи лоша реакција на одбраната на Вардар за да донесе водство на Македонија, но Вардар веќе во 12-тата минута израмни преку Стефан Лазаревиќ. Одбраната на Вардар повторно не беше на нивото во финишот на полувремето кога Калид го постигна својот втор гол.

Работнички пак, освои само поен против Струга, откако двата тима постигнаа по еден гол во второто полувреме.

ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО

Македонија Ѓорче Петров – Вардар 2:1

Работнички – Струга Трим Љум 1:1

УТРЕ, 15.30 Ч

Беласица – Пелистер

Шкендија – Академија Пандев

Шкупи – Ренова

Силекс – Борец

Табела: 1.Шкендија 11, 2.Силекс 10, 3.Шкупи 10, 4.Македонија ЃП 10, 5.Работнички 9, 6.Борец 8, 7.Струга 7, 8.Вардар 7, 9.Пелистер 6, 10.Ренова 5, 11.Академија Пандев 3, 12.Беласица 0.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top