Top Sport

Вилијан: Немаше шанси да останам во Челси со Конте

Бразилецот Вилијан признава дека „немало шанси“ да продолжи да игра за Челси под тренерот Антонио Конте, но дека откако дојде Маурицио Сари, е среќен да остане со „сините“.

Околу 30-годишниот Бразилец имаше многу шпекулации во текот на летото, откако јавно преку Инстаграм објави дека некој агент лажно го застапува, а Барселона во исто време се обиде да го донесе за 60 милиони фунти, кои Челси ги одби. Вилијан не го крие непријателскиот однос кон Конте.

„Дали ќе бев тука ако Конте останеше? Нема шанси. Сега сум тука бидејќи сакам да играм за Челси. Ќе заминам само ако клубот го сака тоа“, вели Вилијан.

Тој вели дека е презадоволен од начинот на игра на новиот тренер Сари, со популарниот „Сари-бол“ во шоу на напаѓачи фудбал.

„Мислам дека играме добро, дека ја контролираме топката. Но, мислам дека ова е само почеток. Имаме одлични напаѓачи како Еден Азар и Педро, кои сакаат да играат фудбал и со Сари играме ’забавен фудбал’. Истото го правиме во бразилската репрезентација“, додава Вилијан.

Scroll to Top