Фудбалскиот клуб Милан бил подготвен да го продаде Никола Калиниќ за да може да го донесе неговиот сонародник од Јувнтус, Марио Манџукиќ, пишува Калчомеркато.
Според истиот извор, Милан не е задоволен од напаѓачот за кого на Фиорентина и плати 25 милиони евра. Калиниќ сезонава на 35 натпревари има постигнато само пет гола.
Од друга страна, Манџукиќ, чие име се поврзува со неколку кинески тимови, не сакал да игра како лево крило, туку на својата природна позиција, поради што размислувал да го напушти Торино.
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, исклучителлно ги ценел квалитетите на Манџукиќ, а Калчомеркато потсетува дека трансферот може да се оствари потсетувајќи на неодамнешната соработка на двата клуба кога Бонучи се пресели во Милан, а Де Шиљо во Јувентус.