Top Sport

Калиниќ утре потпишува со Атлетико

Напаѓачот на Милан и на хрватската репрезентација, Никола Калиниќ е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, и наводно веќе утре ќе потпише договор со шампионите од Лига Европа.

Милан ќе треба да ослободи дел од парите за да ги задоволи УЕФА околу исполнувањето на финансискиот фер-плеј, а исто така имаат „гужва“ во нападот со доаѓањето на Гонзало Игуаин.

Калиниќ, кој лани дојде на „Сан Сиро“ со големи очекувања имаше само шест гола и шест асистенции во 41 меч за „росонерите“, по што следуваше фијаското на СП во Русија, каде што беше избркан од хрватската репрезентација поради одбивање да влезе во игра како замена.

30-годишниот Калиниќ во тимот на Диего Симеоне би бил замена за Кевин Гамеиро, кој ќе добие зелено светло за потпис со Валенсија.

Scroll to Top