Top Sport

Леонардо призна: За Милан, Милинковиќ-Савиќ останува „невозможна мисија“

Техничкиот директор на Милан, Леонардо, признава дека за нив е невозможно да го донесат Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио ова лето и покрај шпекулациите дека дале понуда од над 100 милиони евра за Србинот.

„Поради финансискиот фер-плеј на УЕФА нема да можеме да донесеме врвен играч од средниот ред ова лето. Ако најдеме начин, во согласност со правилата, да извлечеме чудо и да донесеме таков играч ќе се обидеме, но не верувам дека ќе бидеме способни за такво нешто. Договорот кој го направивме за Гонзало Игуаин и Матија Калдара ни дава доволно, но многу е тешко да се направи такво нешто. Според УЕФА треба да потрошите тоа што ќе го заработите, а така ќе ја поминеме границата и можеме да бидеме исфрлени од Лига Европа. Милинковиќ-Савиќ е сон на многу тимови, но за жал сега сонуваме за фудбалер кој вреди многу повеќе од нашите способности. Јас би го избрал и лани, бидејќи се работи за модерен играч од средниот ред, но финансиите се друго нешто“, вели Леонардо.

Милан едвај успеа да го задржи местото во Лига Европа преку жалба до Судот за арбитража во спортот (ЦАС), откако УЕФА оцени дека ги прекршиле правилата за ФФП по лудото трансфер-лето во 2017 година.

Scroll to Top