Top Sport

Каљари го отпуштија Мацари, и во исто време му го продолжија договорот?

Валтер Мацари и официјално доби отказ од Каљари по разочарувачка сезона во која клубот од Сардинија се наоѓа во борба заз опстанок.

60-годишниот Мацари седна на клупата на Каљари во септември и во 32 меча во Серија А стигна до само шест победи, оставајќи ги Каљари на 17. место на табелата, со само три поени предност пред Џенова. Во последните натпревари од сезоната, Каљари играат со Салернитана, Интер и Венеција, два клуба кои се борат за опстанок и Интер кои се борат за титула.

Според италијанските медиуми, Мацари невообичаено добил и продолжување на договорот за 2024 година, бидејќи во договорот имал клаузула за вакво продолжување доколку добие отказ во момент во кој клубот не е во зона за испаѓање. Во Италија не е невообичаено тренерите да бидат сменети, но да останат под договор со клубот.

Scroll to Top