Top Sport

Рони О’Саливен стана снукер-легенда – седма светска титула за израмнување со Хендри

Фантастичниот Рони О’Саливен стигна до 18:13 победа над Џад Трамп во финалето на Светскиот шампионат во снукер во „Крусибл“ во Шефилд, за своја седма светска титула со што се израмни со Стивен Хендри и во исто време го зацементира своето место како најдобар снукер играч во историјата.

46-годишниот Англичанец направи огромна предност од 11:5 по неделните две сесии, но денеска во текот на попладневната серија, Трамп се врати за да ја намали предноста на 14:11 пред финалната вечерна сесија. Тука О’Саливен лесно освои два фрејма, пред да направи две грешки и да му дозволи на Трамп да намали на 16:12 и потоа на 17:13, за да ја комплетира победата во 31. фрејм од финалето.

Со победата, покрај седмата титула од Шефилд, О’Саливен стана и единствениот снукер играч кој има по 7 титули од трите најпрестижни турнири, таканаречени „тројни“ круни – „Ракетата“ има и 7 победи на УК шампионатот и на Мастерс турнирот.

Scroll to Top