Top Sport

Каљари и Годин ја официјализираа соработката

Диего Годин има нов клуб. Капитенот на Уругвај кариерата ќе ја продолжи во Каљари. 34 годишникот на Сардинија пристигна од Интер.

Годин донесен во Интер како големо засилување од Атлетико Мадрид тој не успеа да се снајде во 3-5-2 системот што го форсира тренерот Антонио Конте. Поради тоа Годин и Интер спогодбено се разделија по само една сезона. Во Каљари Уругваецот пристигна без обесштетување.

Годин со Каљари потпиша три годишен договор, по сезона ќе заработува 2.500.000 евра.

Според италијанските медиуми Годин решил да ја прифати понудата на Каљари бидејќи неговата сопруга Софија потекнува од овој град.

 

Scroll to Top