Top Sport

Каљари и Салернитана без победник во италијанското дерби на дното

Каљари беше на секунди до драгоцена 1:0 победа над Салернитана, пред новиот прволигаш да даде гол во 90. минута за 1:1 во здодевна пресметка на двата последнопласирани италијански клубови.

На „Сардења арената“, домаќините сметаа дека го имаат победничкиот гол на мечот во 73. минута кога Жоао Педро му асистираше на Леонардо Паволети, кој погоди на својот 33. роденден. Но во 90. минута, одбраната на Каљари „заспа“, а Федерико Бонацоли успеа да ја искористи невнимателноста на голманот Алесио Крањо за да извлече поен за гостите.

Салернитана останува последна со 8 поени, колку што има и Каљари пред нив со подобра гол разлика, додека на 18. место е е Џенова на Андриј Шевченко и Горан Пандев со 9 поени и гостување кај Удинезе овој викенд.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top