Top Sport

Каљари пак ја совлада Сампдорија, овојпат без драма (видео)

Само три дена по драматичната 4:3 победа, Каљари повторно ја пречека Сампдорија, овојпат во меч од Копа Италија, и овојпат без многу драма стигна до 2:1 победа и голема пресметка со Интер во осминафиналето.

Алберто Чери во седмата минута донесе водство за клубот од Сардинија, а Даниеле Рагацу во 48. минута го удвои водството. Гостите успеаја само да намалат на 2:1 преку Маноло Габијадини во 87. минута од мечот.

Парма пак, во осминафиналето ќе игра со Рома, откако им беше потребен гол од пенал во судиското продолжение за 2:1 победа над Фрозиноне.

Лука Зилигарди во 20-тата минута донесе водство за Парма со убав гол, но второлигашот успеа да израмни во 71. минута со исто толку убав гол. Во 92. минута од мечот, Јурај Куцка беше соборен во шестнаесетникот, а Ернани беше прецизен за осминафинале.

Scroll to Top