Top Sport

Нов гол на Шелви, Њукасл го освои Шефилд (видео)

„Отпадникот“ од Ливерпул, Џонџо Шелви во втор натпревар едноподруго постигнува гол, овојпат да помогне Њукасл да стигне до 0:2 победа на гостувањето кај новиот прволигаш Шефилд јунајтед.

Тимот на Стив Брус дојде до рано водство уште во 15. минута преку Алан Сен-Максимин, по што ја препушти иницијативата на домаќините, кои не успеаја да најдат пат до голот на Дубравка.

Во 70. минута, Шелви, кој стрелаше за 2:2 ремито со Манчестер сити во текот на викендот, успеа да избега на офсајд стапицата на домашниот тим за лесно да погоди и да ја обезбеди победата.

По 15. кола, Њукасл е на 11. место на табелата со 19 поени, додека и Шефилд има 19 поени, но е на 9. место поради подобрата гол-разлика.

Scroll to Top