Каљари ја забележа својата деветта победа во 29. коло од италијанската Серија А, откако на гостувањето кај последнопласираниот Киево во Верона триумфираше со 3:0, забележувајќи ја првата гостинска победа во италијанскиот шампионат од 2 септември.
Киево, кои имаат -3 поени по казната од италијанската федерација, и само една победа во натпреварите од Серија А, заедно со претпоследниот тим на Фрозиноне, се практично веќе во Серија Б, но тоа не ги спречи Каљари да ја искористат ситуацијата.
Фабио Писакане, Жоао Педро и Артур Јонита постигнаа голови за клубот од Сардинија во првото полувреме, кои беа доволни за победа. Каљари се на 13. место во Серија А со 33 поени.
Фото: ЕПА