Top Sport

Каљари се врати од 0:2 за реми со Специја

Каљари и Специја одиграа интересен меч од првото коло во италијанската Серија А, во кој гостите пропуштија водство од 0:2 за 2:2 реми.

Специја, едно од најпријатните изненадувања минатата сезона во италијанската елита, дојдоа во водство уште во седмата минута преку Емануел Гјаси, пред Симоне Бастони да го удвои водство во 58. минута.

Тогаш на сцена стапи бразилскиот капитен на клубот од Сардинија, Жоао Педро, кој во 62. минута намали на 1:2, пред во 68. минута од белата точка да донесе израмнување.

Scroll to Top