Сампдорија и Каљари го одиграа првиот меч во Серија А, во 2022 година. На „Луиџи Ферарис“, на победата и се радуваа гостите.
Каљари, со пресврт, ја победија Самдорија со 2:1. Победата во 20.коло е втора за екипата од Сардинија оваа сезона, прва по 17.октомври 2021 година. Интересно и првата победа сезонава Каљари ја забележа над Сампдорија.
Сампдрија имаше предност по првиот дел со голот на Габијадини во 18.минута. Вториот дел во целост им припадна на гостите. Најпрвин израмни Диелоа, а победата ја обезбеди Паволети.
Во 87.минута, Кандрева доби црвен картон. Ветеранот без топка удри еден играч на Каљари.
Сампдорија се 15. на табелата со 20 бода. Каљари со 13.освоен бод, дојдоа до 18.место.