Драмата пред последното коло во борбата за опстанок во Преиерлигата продолжува.
Три тима – Астон Вила, Вотфорд и Борнмут се борат за едно место кое носи опстанок во ПЛ и за идната сезона откако Норич веќе е вратен во Чемпионшип.
Во ПЛ гол разликата одлучува доколку на крајот клубовите имаат ист број на бодови.
Астон Вила и Вотфорд имаат по 34 бода, а Борнмут 31.
Клубот од Бирмингем има гол-разлика -26 (40-66), додека „Стршлените“ се со -27 (34-61).
Ако Астон Вила победи нагости кај веќе спасениот Вест Хем, Вотфорд може да остане во лигата само ако на „Емирати“ слави против Арсенал со 2 гола повеќе од директниот ривал. Ако двата тима одиграат нерешено, во ПЛ останува тимот од „Вила парк“.
Шанси да се спаси има и Борнмут. За тие и идната сезона да играат во елитата потребно е двата конкуренти да загубат на гостувањата, а тие да слават на „Гудисон“ против Евертон, со било кој резултат затоа што имаат гол разлика -27 (37-64).