Францускиот фудбалер и дефанзивец на Милан, Пјер Калулу беше опериран денеска во Финска.
Калулу се повреди минатата недела на натпреварот против Наполи во Серија А (2:2) .
„Милан може да потврди дека Пјер Калулу денеска беше опериран за целосно да биде санирана комплетната руптура на левата тетива. Операцијата која во Финска ја изврши професорот Ласе Лемпеинен во присуство на шефот на медицинскиот тим на Милан, Стефано Мацони, беше многу успешна“, се вели во соопштението на клубот.
Фудбалскиот клуб Милан соопшти и дека се очекува Калулу да паузира четири месеци.