Top Sport

Калвин Филипс во Вест Хем

Калвин Филипс вториот дел од сезоната ќе го мине на позајмица во Вест Хем. „Чеканите“, ќе имаат можност и да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.

Калвин Филипс, летото во 2022 година пристигна во Манчестер сити од Лидс јунајтед, како еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Премиер лигата, но кај Пеп Гвардиола не успеа да се избори за место во тимот.

Оваа сезона одигра само 10 натпревари, а бидејќи за шест месеци се игра Европското првенство, Филипс сакаше да замине во клуб каде што ќе биде стандарден за да може да избори место во англиската репрезентација за континеталниот шампионат.

За новиот клуб, Филипс ќе дебитира на 1 февруари против Борнмут.

Scroll to Top