Top Sport

Кам-бек со два гола на Роналдо, сефте за Арсенал и Вулверхемптон

Четвртото коло во Премиер лигата го обележа враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед. Португалецот со два гола го трасираше патот до победата над Њукасл (4:1). По еден гол постигнаа Бруно фернандеш и Џеси Лингард.

До први победи во сезоната стигнаа Арсенал и Вулверхемтон. Обамејанг го постигна единствениот гол против Норич.

Вулвфс славеа кај Вотфорд 0:2. Авто-гол си постигна Сиералта, а конечниот резултат го постави Хванг.

Брајтон во последната минута дојде до триумф кај Брентфорд. Хеорј на „галебите“ е Белгиецот Тросар.

Еден гол им беше доволен на фудбалерите на Манчестер сити за да слават против Лестер. Бернардо Силва постигна гол во 66.минута. Претходно ВАР им поништи гол на Лестер.

Без победик и без голови заврши дуелот Саутемптон-Вест Хем.

Scroll to Top