Top Sport

Камавинга по трансферот во Реал им испратил подароци на вработените во Рен

Реал Мадрид, последниот ден од преодниот рок, успеа да го донесе во своите редови Едуардо Камавинга. Французите велат дека 18-годишникот е лудо од дете. Тој е најмладиот дебитант во историјата на рен, а веќе има одиграно три натпревари за сениорскиот тим на Франција.

За каков играч се работи можност на теренот имаа да видат и македонските У-21 фудбалери. Во четвртокот, Камавинга постигна гол во победата на младите Французи над Македонија од 3:0.

Реал, на Рен, за услугите на Камавинга им платија 31.000.000 евра. Фудбалерот го одбра Реал пред ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Тинејџерот на посебен начин ја искажа благодарноста кон клубот, откако го потпиша договорот со најславниот клуб во светот.

Тој на сите вработени во Рен ќе им подари дрес од Реал Мадрид. Вкупно ќе подели 166 дресови.

Scroll to Top