Top Sport

Камавинга: Секој човек може да биде бегалец

Ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се заблагодари на УНХЦР, организацијата на ОН за бегалци, откако тој беше роден во бегалски камп во Ангола, за потоа да игра за Франција на Светското првенство и за еден од најголемите клубови на светот.

20-годишниот Камавинга и во минатото зборуваше со гордост за своето детсво и пред вториот меч од полуфиналето на Лигата на шампиони против Манчестер сити уште еднаш прати порака до УНХЦР.

„Секогаш кога имам можност да играм фудбал во Лигата на шампиони, се потсетувам на неверојатната шанса која ја добив. Јас сум поранешен бегалец, а сега играм на ова ниво. Секој човек може да биде бегалец. Тоа е нешто што се случува. Затоа работам со УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, која секогаш помага на расселените луѓе низ целиот свет“, вели Камавинга.

Scroll to Top