Top Sport

Камбек на Милан за две минути! Од 0:2 на 2:2 по 45 минути!

Милан успеа да се врати по катастрофалниот старт на мечот со Селтик и од 0:2 по 14 минути да израмни на 2:2, резултат со кој се отиде на полувреме.

Џанлуиџи Донарума во 8-та минута му даде „подарок“ на Том Роглич за неочекувано водство, за во 14-тата минута пак, одбраната на Милан направи голема грешка, оставајќи го Одсон Едуар сам пред Донарума.

Но, Милан, и без повредениот Златан Ибрахимовиќ, успеа да се врати експресно. Во 24. минута, Хакан Чалханоглу, околу кого имаше многу шпекулации за неговото заминување намали на 1:2, за две минути подоцна Саму Кастилехо да ги врати Милан во игра.

Scroll to Top