Top Sport

Кошмарни 15 минути на „Сан Сиро“ – Милан-Селтик 0:2!

Надежите на Милан вечерва на домашен терен да го запечати пласманот во нокаут фазата во Лига Европа се урнаа во првите 14 минути на „Сан Сиро“, во кои веќе губат со 0:2 од шкотскиот шампион Селтик.

Џанлуиџи Донарума во 8-та минута му даде „подарок“ на Том Роглич за неочекувано водство, за во 14-тата минута пак, одбраната на Милан направи голема грешка, оставајќи го Одсон Едуар сам пред Донарума.

Scroll to Top