По само 28 минути гостување на „Пјерлуиџи Пенцо“ во Венеција, Верона на Игор Тудор губеше со 3:0, така што никој не очекуваше Хелас да направи неверојатен камбек и на крајот на мечот да ги однесе сите три поени со 4:3 победа.
Пјетро Чекарони во 12. минута, Домен Чрнигој во 19. минута и Томас Анри во 28. минута донесоа неверојатно 3:0 водство за новиот италијански прволигаш. Меѓутоа во второто полувреме, работите се свртеа – прво Анри си постигна автогол во 52. минута, па Чекарони играше со рака во шестнаесетник за црвен картон и пенал за Верона во 65. минута, кој сигурно го реализираше Џанлука Капрари.
Тогаш на сцена стапи Џовани Симеоне, кој прво израмни во 67. минута од мечот, за во 85. минута да ги обезбеди трите поени за Верона. Симеоне сега има 11 гола во Серија А оваа сезона, со што е израмнет на второто место на листата на стрелците со Чиро Имобиле од Лацио, и само Душан Влаховиќ со 13 гола е пред него.
СЕРИЈА А, 16.КОЛО
Специја – Сасуоло 2:2
Венеција – Верона 3:4
Giovanni SIMEONE ? pic.twitter.com/mwdEUvS9ex
— Nathan (@Nathan_Gr_) December 5, 2021