Top Sport

Камен пијан полициски полковник тепал хрватски навивачи

Полициски службеник нападнал хрватски навивачи, во три часот наутро, по натпреварот помеѓу Хрватска и Нигерија (2:0) во Калининград.

Руските медиуми по три дена објавија детали за тешкиот инцидент што го предизвикал пијан полициски службеник.

Хрватските навивачи седеле во едно кафуле во Калининград, кога полицаецот започнал да ги провоцира, а потоа тргнал и физички да се пресметува со нив. Тепачката со тешка мака ја прекинале припадниците на интервентната полиција.

Пијаниот човек два пати удрил еден од полицајците пред да биде онеспособен.

Откако, со помош на електропалка успеале да му стават лисици на рацете, полицајците откриле дека пијаниот човек е нивни колега, односно дека е полковник во руската полиција.

Scroll to Top