Top Sport

Камерон Нори победи во Индијан Велс

Британскиот тенисер, Камерон Нори, победи на мастерсот во Индијан Велс. Нори, во финалето, со 2:1 (3/6, 6/4, 6/1) го победи Грузеицот, Николос Басилашвили.

Нори со оваа победа се изедначи со Новак Ѓоковиќ, двајцата оваа сезона играле по шест финалиња. Исто така тој влезе во историјата како првиот тенисер од Британија со победа на овој мастерс, во светот на тенисот наречен „петти гренд слем“.

Ова е прва британска победа за Британците на турнирите од мастерс серијата по пауза од пет години, кога Енди Мареј го освои Париз.

Нори, победи во меч кој траеше еден час и 50 минути, откако го загуби првиот сет, а во вториот Басилашвили водеше со 2:1. Сепак, Британецот успеа да се издигне, а по брејкот во вториот сет, го крена нивото на играта и самодовербата. Во решавачкиот сет го збриша својот противник од теренот.

Scroll to Top